• вторник, 29 октомври 2024

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16.20 часот во Тетово, го лишиле од слобода М.Л.(32) од Тетово, затоа што при претрес, врз основа на судска наредба, извршен околу 16 часот во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Како што соопшти денеска МВР, М.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан