Претрес во струмичко, пронајдена дрога
- Полициски службеници од СВР Струмица вчера, во 23.15 часот, во село Иловица, струмичко, го лишиле од слобода Т.М(34) од тоа село.

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица вчера, во 23.15 часот, во село Иловица, струмичко, го лишиле од слобода Т.М(34) од тоа село.
- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, информираат од МВР.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Т.М ќе биде поднесена соодветна пријава. ир/цр/
Фото: МИА архива