Претрес во струмичкото село Василево, пронајдена дрога
- Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 9:00 часот во струмичкото село Василево го лишиле од слобода Б.Б.(51).
Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/
Фото: МИА архива