• петок, 22 ноември 2024

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија вчера во  13:40 часот во Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(44) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис, предмети исполнети со зелена растителна материја и употребени шприцеви со игли со остатоци од непозната материја.

Како што информираат денеска од МВР, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

фото МИА архива

 

 

 

 


 

Остани поврзан