• недела, 22 декември 2024

Препораката за ослободување од работа на ранливите групи граѓани продолжена до 27 јули

Препораката за ослободување од работа на ранливите групи граѓани продолжена до 27 јули
Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - Владата на денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури, со што препораката за ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, се продолжува да важи во периодот до 27 јули. - Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година. Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, информира владината Прес-служба. Како што се посочува во соопштението од оваа одлука, се изземаат хронично болните лица. - Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63 владина седница остануваат на важност, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан