• недела, 17 ноември 2024

Премиерот на Црна Гора најави 40 отсто вакцинирани до крајот на 2021 година

Премиерот на Црна Гора најави 40 отсто вакцинирани до крајот на 2021 година
Подгорица, 29 октомври 2021 (МИА) - Во Црна Гора има 515 нови случаи на коронавирусот, а осум лица починале како последица на болеста, соопшти Институтот за јавно здравје. Во моментов има 4.465 активни случаи на Ковид-19, најмногу во Подгорица 1.955 и Никшиќ 689. Првата доза од вакцината против коронавирус ја примиле 41,4 отсто од населението, а втората 39,1 отсто. Вкупниот број на вакцинирани во Црна Гора ќе биде колку што е поставена целта на Светската здравствена организација - 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на 2021 година, изјави денеска премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ. Министерството за здравство соопшти дека имунизацијата со руската вакцина Спутник В започна денеска, чиј контингент од 40.000 дози беше испорачан на 15 октомври. Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора се регистрирани 143.322 случаи на инфекција, а починале 2.095 лица од последици од Ковид-19. ссм/

Остани поврзан