Премиерот на Киргистан поднесе оставка
- Премиерот на Киргистан, Мухамедкали Аблгазиев, денеска поднесе оставка поради скандал со владината продажба на радиофреквенции.

Бишкек, 15 јуни 2020 (МИА) - Премиерот на Киргистан, Мухамедкали Аблгазиев, денеска поднесе оставка поради скандал со владината продажба на радиофреквенции.
„Во денешните тешки услови, кога земјата се соочува со опасност од коронавирусот и се бори со економски последици, Владата мора да работи стабилно и да ужива целосна доверба на граѓаните“, нагласи премиерот во соопштение. Тој негираше дека е вмешан во скандалот.
Аблгазиев е премиер од 2018 година. зш/