• петок, 13 март 2026

Премиерот на Бангладеш, Рахман, и пратениците положија заклетва

Премиерот на Бангладеш, Рахман, и пратениците положија заклетва

Дака, 17 февруари 2026 (МИА) - Премиерот на Бангладеш, Тарик Рахман, и пратениците, избрани минатата недела, денеска положија заклетва во парламентот (Џатија сангсад).

Предвидено е претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин, попладне официјално да ја именува владата на Рахман.

На првите парламентарни избори по масовните протести предводени од генерацијата зет, при што беше соборена владата на премиерката Шеих Хасина во 2024 година, победи Националистичката партија на Бангладеш (БНП).

БНП освои 212 од вкупно 300 пратенички места, а коалицијата на исламистите Џамаат-е-Ислами (БЈИ), предводена од Шафикур Рахман, доби 77 мандати.

По победата, Рахман изјави дека негов приоритет ќе биде обновата на Бангладеш, погоден од политички тензии и влошена економија, висока инфлација, зголемена невработеност, намалување на инвестициите.

По соборувањето на премиерката Хасина, со 170-милионската земја управуваше привремена влада предводена од Мохамед Јунус. ми/рп/

фото: ЕПА

Остани поврзан