• сабота, 04 април 2026

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Таринци

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Таринци

Скопје, 3 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на проширена градинка во населеното место Таринци во општина Карбинци.

Со проширувањето на градинката зголемен е капацитетот на деца кои ќе бидат згрижени од 50 на 100 деца. 

Средствата се обезбедени од локалната и централната власт, односно 65 проценти се од централната и 35 проценти од страна на општината. 

- Вредноста на проектот изнесува 21.461.414 денари од кои 65 отсто се обезбедени од страна на централната власт, а 35 отсто од страна на општината. Со зголемувањето на капацитетот на градинката од 50 на 100 деца, листата за чекање се сведува на минимум, информираат од владината прес-служба. бак/паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан