Премиерот Мицкоски в четврток на средба со УПОЗ, претходно и КСС ја прифати одлуката
- Премиерот Христијан Мицкоски в четврток попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ, дознава МИА. Средбата треба да се одржи во 16.45 часот, а доаѓа откога Мицкоски понуди зголемување на платите за 40 проценти на државните административци за две години.
Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски в четврток попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откоаг Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.
Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.
Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници. бак/паг/
Фото: МИА архива