Премиерот Мицкоски во Охрид на одбележување на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе присуствува на одбележување на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.
Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе присуствува на одбележување на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.
Како што информираше владината прес-служба, Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Светилник низ векови и за иднината“ што ќе се одржи во црквата Св. Софија.
Денот на сесловенските просветители се одбележува и во Рим каде присуствува делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. бак/
Фото: МИА архива