• четврток, 21 ноември 2024

Премиерот Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин

Премиерот Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски во Берлин беше пречекан од германскиот канцелар, Олаф Шолц. Ковачевски, заедно со шефовите на Владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на Влади од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство, денеска присуствува на официјалното започнување на Самитот за Берлински процес. Првиот Самит за Западен Балкан се одржа исто така во Берлин во 2014 година, а целта на годинешниот Самит, се наведува во соопштението од владинната прес-служба, е да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан. Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на Владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија ќе имаат можност да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања. цр/аа/

Остани поврзан