• петок, 22 ноември 2024

Премиерот Заев со претставници на Ловечката федерација: Поздравени заложбите за доуредување на дејноста

Премиерот Заев со претставници на Ловечката федерација: Поздравени заложбите за доуредување на дејноста
Скопје, 6 октомври 2020 (МИА) - Потребата од нов закон за дивеч и ловство, како и од измени на Законот за оружје во делот на овластувањата на ловџиите за поседување оружје, беа само некои од темите на вечерашната средба на премиерот Зоран Заев со претставниците на Ловечката федерација на Македонија. На средбата на која присуствуваше и претседателот на Федерацијата, Влатко Алексовски, е изразена заедничка согласност дека дивечот е делумно обновлив извор и дека во рамките на активностите за заштита на животната средина, важна е и грижата за дивечот и за ловиштата во земјава. -Премиерот изрази поддршка на заложбите на Ловечката федерација за доуредување на ловството во нашата држава, а претставниците Ловечката федерација му заблагодарија на претседателот на Владата за отвореноста да ги сослуша, како и за поддршката за законско доуредување на дејноста, соопшти владината прес-служба. мч/дма/    

Остани поврзан