Премиера на „Мизантроп“ од Молиер во Струмичкиот театар
- На сцената на НТ „Антон Панов“ за утре е закажана премиерата на комедијата „Мизантроп“ од Молиер. Режијата, сценската адаптација и музиката се на гостинот од Бугарија, режисерот Дамјан Тенев, додека препевот на сценската адаптација на македонски јазик е на Никола Маџиров.
Струмица, 31 октомври 2025 (МИА) - На сцената на НТ „Антон Панов“ за утре е закажана премиерата на комедијата „Мизантроп“ од Молиер. Режијата, сценската адаптација и музиката се на гостинот од Бугарија, режисерот Дамјан Тенев, додека препевот на сценската адаптација на македонски јазик е на Никола Маџиров.
Според режисерот Тенев, претставата ја избегнува класичната барокна постапка со цел да се создаде сценски јазик кој ќе зборува современо, визуелно чисто, а емотивно експлозивно.
Костимите и сценографијата се на Радостина Тенева, а дизајнот на плакатот на Ване Костуранов.
Во претставата играат Ванчо Василев, Анкица Бенинова, Стојан Велков-Трн, Игор Тодоров, Танкица Стојанова, Кољо Черкезов, Јулија Милкова и Васка Ангелова. рт/са/
Фото: НТ „Антон Панов“ Струмица