• сабота, 23 ноември 2024

Премиера на „Лагата“ вечер во МНТ

Премиера на „Лагата“ вечер во МНТ
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - На сцената на Македонскиот народен театар вечерва премиерно ќе биде изведена претстава „Лагата“. Работена е според текст на современиот и актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи.
Во комедијата, која во земјава се поставува првпат, играат Јордан Симонов како Павле, Габриела Петрушевска во улогата на Родна, Оливер Митковски како Михаил и Драгана Левенска во улогата на Јована.
Според режисерот, „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени, особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже.
-Иако при првиот контакт со текстот, може да се добие впечаток дека негова главна тема е брачниот однос или неверството, сепак, како што и самиот наслов навестува, всушност, тоа со што се занимава текстот, а воедно и нашата претстава, е лагата како феномен, смета режисерот Идризи.
Сценографијата на претставата е на Крсте Џидров-Џиби, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика е на Игор Василев-Новоградска. Следните изведби се закажани за 21 и 29 октомври со почеток од 20 часот, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата на МНТ. мд/бак/

Остани поврзан