• вторник, 14 мај 2024

Премиера на комедијата „Економската криза на сцена“ во Струга

Премиера на комедијата „Економската криза на сцена“ во Струга
Струга, 15 октомври 2022 (МИА) - Драмското студио „Миладин“ од Струга вечер на големата сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ -  Струга премиерно ќе ја изведе својата најнова комедија „Економската криза на сцена“. Драматизацијата и режијата е на струшкиот режисер и актер Ристе Миладинов. Пиесата е во изведба на повозрасната група на драмското студио „Миладин“  која ја сочинуваат: Ристе Миладин - Сотир, Наталија Смаќоска - Антонија, Сара Стефановиќ - Стефанија, Милан Блажески - Бобан, Бранкица Петковска - Маргарита, Имер Асоски - Тодор, Никола Јаканоски - Свекорот, Бојан Крстески - Полицаецот и Даниел Спироски - Погребалното. -Светот го зафати сериозна економска криза и скоро да нема човек кој не е загрижен заради тоа. Но, благодарение на драмското студио „Миладин“, ќе можеме накратко, но убаво да се насмееме на целата економска криза гледајќи ja на театарска сцена, најавува драмското студио „Миладин“ .
Билетите можат да се купат на билетарницата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. сс/мд/

Остани поврзан