• четврток, 04 декември 2025

Премиера на документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ во Битола

Премиера на документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ во Битола

Битола, 7 ноември 2025 (МИА) - Во битолското кино „Манаки“ вечерва премиерно беше емитуван документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“.

Филмот е посветен на животот и делото на народниот херој Стеван Наумов – Стив, учесник во НОБ, кој загина во 1942 година во борба со бугарската полиција. За неговиот придонес, Наумов е прогласен за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 година, а неговото име останува длабоко врежано во историјата на Македонија и на Битола.

Документарецот е во продукција на Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ – Битола, а авторите Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ го снимаа на повеќе локации низ градот. Во филмот за животот и делото на херојот зборува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков.

На проекцијата приредена во рамки на програмата посверена на Денот на ослобидувањето на Битола, присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски. мт/рп/

Фото: МИА

 

Остани поврзан