Преку социјален дијалог ќе се подобрува дуалното образование во Штип
- Бизнис секторот, средните стручни училишта, Министерството за образование и наука, ТИР зоната во Штип преку социјален дијалог ќе го подобруваат дуалното образование. Целта е фабриките во ТИРЗ во Штип да ги отварат вратите за средношколците на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ за практична настава, но и надлежните институции да креираат профили кои се потребни за фабриките во ТИРЗ во Штип.
Штип, 25 февруари 2025 (МИА) - Бизнис секторот, средните стручни училишта, Министерството за образование и наука, ТИР зоната во Штип преку социјален дијалог ќе го подобруваат дуалното образование. Целта е фабриките во ТИРЗ во Штип да ги отварат вратите за средношколците на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ за практична настава, но и надлежните институции да креираат профили кои се потребни за фабриките во ТИРЗ во Штип.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов нагласи дека преку ваквата комуникација и социјалниот дијалог ќе им се излезе во пресрет на потребите на стопанството, но истовремено ќе се создаде квалификуван кадар кој полесно ќе може да се вработи и да одговори на потребите на пазарот на труд.
-Она што ние можеме да го овозможиме е да направиме првична комуникација и можност за соработка, меморандум за соработка помеѓу образовните институции и бизнис секторот за да се овозможи тој процес на дуално образование и дел од наставата да биде практична и да имаме квалификувани профили, коишто на пазарот на трудот ќе додат вредност, рече тој.
Градоначалникот потенцира дека преку дуалното образование, средношколците од стручните училишта ќе можат полесно да се прилагодат во процесот на производство, да бидат обучени и да имаат поголема продуктивност.

Директорката на Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“-Штип, Јованка Шалева на денешниот состанок истакна дека во напредна фаза е трансформацијата на училиштето во Државно регионално училишта, а во изминатиот три години имаат склучено над 100 меморандуми со фирми од Штип и источниот регион, а со фабриките во ТИРЗ веќе имаат оставрено средби, на коишто веќе е договорено средношколците од ова училиште во текот на летото да имаат феријална пракса, а од септември во новата учебна 2025-2026 година и да се почне со дуалното образование.
-Во измнатите три години ние имаме две дуални паралелки, со што едната е од електротехничката, а другата е од машинската и во овие две паралелки имаме околу 90 ученика, вели Шалева.
ТИРЗ во Штип е најголема во државата и нуди огромен потенцијал. Един Факиќ, раководител на Сектор за стопанисување со слободни зони посочи дека се прават напори за нови инвестиции, а со тоа и нови можности пред се за учениците за понатаму тука да можат да работат. Тој забележа дека странските компании кои се заинтересирани за инвестирање во ТИРЗ-овите во земјава најмногу се интересираат и приориритет даваат на тоа дали во регионот којшто ќе ја отворат фабриката има кадар. вдј/фф/
Фото: МИА