• петок, 22 ноември 2024

Преку ГП Ќафасан во Албанија пристигнаа првите над 20 бегаци од Украина

Преку ГП Ќафасан во Албанија пристигнаа првите над 20 бегаци од Украина
Тирана, 2 март 2022 (МИА) – Преку граничниот премин Ќафасан, на македонско - албанската граница, кај Струга, во Албанија пристигнаа првите над 20 бегалци од Украина, потврди Управата за гранична полиција и миграција на Албанија. Според истиот извор станува збор за поединци и семејства кои на албанска територија пристигнале во последните три дена, но кои не побарале помош од албанските власти. Дел од украинските граѓани се сместиле во приморскиот дел на Албанија, каде поседуваат станови во нивна сопственост. Една брачна двојка од Украина се сместила во градот Поградец. Тие побарале од некои деловни банки да отворат банкарски сметки за подигање пари, но тоа било невозможно бидејќи немале дозвола за престој. вт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан