• петок, 05 декември 2025

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Битола - ГП Меџитлија и регионалниот пат Битола - Прилеп

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Битола - ГП Меџитлија и регионалниот пат Битола - Прилеп

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) – Поради сообраќајна незгода што се случила попладнево на магистралниот пат Битола – граничен премин Меџитлија меѓу селата Кравари и Бистрица, сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат низ селото Бистрица.

Од АМСМ информираат дека поради случена уште една сообраќајна незгода на регионалниот пат Битола – Прилеп на клучката кај селото Бистрица, сообраќајот ќе биде во прекин, а патничките возила ќе се пропуштаат наизменично.

– Од 15:45 час. поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола - Државна граница Маџитлија кај рас, с.Кравари за с. Бистрица сообраќајот ќе биде пренасочен низ с. Бистрица по регионален пат Р-2333. Во 16:00 час. на регионалниот пат Р-1101 Битола - Прилеп кај клучка с. Тополчани поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот за ТМВ ќе биде во прекин ,а патничките возила ќе се пропуштаат неизменично, стои во соопштението на АМСМ. ра/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан