• понеделник, 23 декември 2024

Прекинат прагот на алармирање за загаденост во Битола и Тетово

Прекинат прагот на алармирање за загаденост во Битола и Тетово

Скопје, 3 јанауари 2023 (МИА) - Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на 2 јануари 2023, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички во Битола и Тетово се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и е прекината епизодата од два последователни дена, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму додадоа дека во Битоа и Тетово престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање. см/сп/

Остани поврзан