• петок, 22 ноември 2024

Прекинато лансирање на „Сојуз“ ракета

Прекинато лансирање на „Сојуз“ ракета

Москва, 22 март 2024 (МИА) - Лансирањето на руска ракета „Сојуз МС-25“ со еден астронаут од Русија, еден од САД и космонаутка од Белорусија беше неочекувано прекинато вчера.

Вселенското летало требаше да полета кон Меѓународната вселенска станица (МВС) од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан. Руската вселенска агенција Роскосмос подоцна ги наведе техничките проблеми како причина за откажувањето на лансирањето. Имено, непосредно пред полетувањето, забележан е пад на напон во изворите на струја, според раководителот на Роскосмос, Јуриј Борисов.

Екипажот е безбедно изведен вон капсулата. На леталото беа Белорусинката Марина Василевскаја, Американецот од НАСА, Трејси Дајсон и Русинот Олег Новицки. Василевскаја ќе биде првата жена од својата земја што ќе отиде во Вселената.

Следното можно лансирање би било најрано во сабота.

Во меѓувреме, во САД, вчера „Спејс-Икс“ ја лансираше својата 30-та карго-мисија со ракета „Фалкон 9“ до МВС, носејќи три тони материјали и научен хардвер. Се очекува да стигне до Станицата в сабота. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан