Прекинато водоснабдување во Ново Село
- ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ново Село.

Скопје, 11. јули, 2023 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ново Село.
Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на крстосницата Шарпланинска/ Тиранска и ќе трае од 10:40 часот до завршувањето со санацијата на дефектот. ен/цр
Фото: МИА Архива