Прекината потрагата за исчезнатите при уривањето на зградата во Кина
- Причината за уривање сè уште е непозната
Пекинг, 6 мај 2022 (МИА) - При уривање на осмокатницата во централна Кина минатата недела, загинаа 53 лица, а потрагата за исчезнати е прекината, јавија тамошните медиуми.
Спасителите во урнатините во Чангша пронајдоа десетина преживеани. Дваесет и три лица беа заробени во урнатините, додека 39 се водеа како исчезнати.
Хоспитализираните лица се во добра состојба, информираа властите.
Уапсени се најмалку девет лица поради прекршоци што, наводно, влијаеле за зградата да се урне. Во зградата имало хотел, станови, кино.
Причината за уривање сè уште е непозната. бд/ссм/