• понеделник, 23 декември 2024

Презентирана реализацијата на активностите од Стратегијата за борба против корупцијата

Презентирана реализацијата на активностите од Стратегијата за борба против корупцијата

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Резултатите од проценката на ризиците од корупција ги извадија на површина најголемите ризични фактори коишто доведуваат до корупција во државата, како и областите и секторите каде што корупцијата е најмногу изразена, истакна претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска, на годишната конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси од 2021 до 2025 година.

Ивановска оцени дека борбата со корупцијата и понатаму е голем предизвик.  

На презентацијата на која присуствуваа вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во државава, Дејвид Гир, в.д. преставничка на УСАИД во државава, Дон Кармин беше истакнато дека силното политичко влијание, неказнивоста, недоволната транспарентност, недоволната дигитализација, злоупотребата на дискрециските овластувања, се дел од групата најризични фактори што ја поттикнуваат корупцијата во државата.

За надминување на овие ризични фактори во институциите се истакнати 54 проблеми, предложени се 111 мерки и 191 активност.

Од сите мерки и активости 40 проценти се однесуваат на секторите образование, здравство и органи за спроведување на законот.

Најнизок степен на реализација на активностите од акцискиот план на Стратегијата се забележаува кај министерствата за информатичко општетсво и администрација и за земјоделство и шумарство, како и кај Фондот за здравствено осигурување.

Како што беше појаснато, МИОА нема започнато со ниту една од  13 активности, Министерството за земјоделство и шумарство од 14 предвидни активности има реализирано само една, а толку реализирал и ФЗОРСМ од вкупно 13.

-Ако се земе предвид фактот дека овие три институции заедно имаат 40 активности што е околу 23 проценти од вкупниот број на активности за 2022 тогаш е разбирливо зошто е толку низок степенот на реализиација на активностите од Акцискиот план на Стратегијата, истакнаа од ДКСК.свс/бд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан