Презентација на резултатите од проектот „Skills4Justice“
- На Економскиот факултет при УКИМ денеска ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Skills4Justice“ кој адресира прашања поврзани со миграцијата, а се спроведува во рамки на програмата Хоризонт на Европската Унија.

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - На Економскиот факултет при УКИМ денеска ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Skills4Justice“ кој адресира прашања поврзани со миграцијата, а се спроведува во рамки на програмата Хоризонт на Европската Унија.
На настанот е предвидено да се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Ќе бидат презентирани информации за тековните трендови на миграција, состојбата на пазарот на труд, како и начините за усогласување на потребите и недостатоците од квалификувана работна сила и стратешка регрутација на квалификувани работници.
Ќе стане збор и за можностите за заедничко изнаоѓање решенија и препораки за справување со овие општествени феномени кои силно влијаат на македонското стопанство и вмрежување со клучни засегнати страни од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, високото образование и претставници на носителите на одлуки.са/вг/
Фото: плакат