• вторник, 23 јули 2024

Презентација на проектот „Лета, лета Локубија“ на Елена Чемерска

Презентација на проектот „Лета, лета Локубија“ на Елена Чемерска
Скопје, 3 март 2023 (МИА) - Со презентацијата на проектот „Лета лета Локубија“ на Елена Чемерска, во КСП Центар Јадро завршува серијата презентации во рамки на новиот проект „Arts Hub“.

Како што информираат од КСП Центар Јадро, преку серијата од шест презентации и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата на Центарот во изминативе две години биле поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ги претставуваат своите веќе реализирани проекти и ги споделуваат искуствата.

-Проследени со прашања и одговори, овие презентации и разговори, меѓу другото, ги пренесуваат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност, посочуваат од КСП Центар Јадро.

„Лета лета Локубија“ претставува продолжување на долгогодишните активности во рамки на интердисциплинарниот документарен уметнички проект во организација на визуелната уметница Елена Чемерска кој има за цел физичка и значенска ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани и неговата утописка програма. фф/бак/

Во рамки на овој проект е реализирана дводневна работилница во период од еден месец за изработка на летала од рециклирани материјали од градската депонија во Кочани врз основа на цртежи на децата учесници во работлницата, инспирирани од мозаичните фризови на Споменикот на слободата.

-Поттикната од приказните на членови на различни генерации од локалната заедница врзани со неформалната традиција на летање на змејови на Споменикот на слободата, а имајќи ја во предвид неговата географска позиција во однос на градот, оваа работилница беше наменета за сите деца кои живеат во подрачјето на ридот Локубија, Кочани и пошироко на возраст од 6-12 години љубопитни за летањето, летачките објекти и нивното создавање, КСП Центар Јадро.фф/

Фото: КСП Центар Јадро

 

Остани поврзан