• понеделник, 27 јануари 2025

Презентација на придобивките од работата на домашната берза на електрична енергија

Презентација на придобивките од работата на домашната берза на електрична енергија

Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Националниот оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ, Скопје и Бирото за јавни набавки, организираат настан на кој ќе бидат презентирани придобивките од работата на домашната берза на електрична енергија, со акцент на идните заеднички активности на трите институции што треба да придонесат во унапредување на македонскиот пазар на електрична енергија.

- Целта на настанот е промовирање на процесот на набавка на електрична енергија индексирана по македонската берза за електрична енергија при јавните набавки, соопшти  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Предвидено е настанот да го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во присуство на претставници на релевантните чинители во секторот енергетика, државни институции и приватни компании, претставници на стопанските комори и на општините. бд/хс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан