• среда, 08 април 2026

Презентација на посебните извештаи за финансирањето на изборните кампањи за Локалните избори 2025 и Повторните избори 2026

Презентација на посебните извештаи за финансирањето на изборните кампањи за Локалните избори 2025 и Повторните избори 2026

Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организира настан за презентација на посебните извештаи за утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи за Локалните избори во 2025 година и Повторните избори во 2026 година.

На отворањето на настанот, како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат претседателот на ДКСК Адем Чучуљ и директорката на Меѓународна фондација за изборни системи во земјава, Јоана Косма. 

По презентацијата на клучните наоди од посебните извештаи, утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи, како и системските слабости и предизвици поврзани со финансиското известување, транспарентноста на податоците и ефикасноста на механизмите за следење и надзор, како што е најавено, ќе следува и дебата.

Настанот има за цел да придонесе кон поширока јавна и стручна дебата за значењето на транспарентното и отчетно финансирање на изборните кампањи, како важен предуслов за зајакнување на довербата во изборниот процес, политичкиот интегритет и демократската отчетност. аа/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан