• петок, 30 август 2024

Презентација на наодите на „Тииииит! Инк.“ и „Реактор“ за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија

Презентација на наодите на „Тииииит! Инк.“ и „Реактор“ за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Здружението на граѓани за промоција на женската активност „Тииииит! Инк.“ и „Реактор – истражување во акција“ денеска ќе ги презентираат наодите од неодамна спроведената сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија – „Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките“. Студијата која ќе биде презентирана со почеток од 13 часот, во Europe House содржи три нивоа на истражувања кои ги отвораат прашањата за менструална правда преку анализа на искуствата, практиките и социјалните перцепции на жените, девојките и другите лица кои менструираат, како и преку пресметки за трошоците за менструалното здравје и добри практики од регионот и пошироко. Како што информираат од здружението „Тииииит! Инк.“ целта е да се продлабочи дискусијата за менструалната хигиена и репродуктивното здравје, да се развие инклузивен јавен дискурс на тема менструална правда во Република Северна Македонија, и да се понудат мерки и препораки за подобрување на состојбата. Истражувањето е направено во рамки на проектот „Крај за менструална сиромаштија – Застапување за намалување на менструалната сиромаштија во Република Северна Македонија“, кој го спроведуваат Здружението на граѓани за промоција на женската активност „Тииииит! Инк.“ во партнерство со „Реактор – истражување во акција“, со поддршка од Цивика мобилитас во рамки на програмата за акциски грантови и од ФРИДА – фондот за млади феминистки. ар/вг/

Остани поврзан