• недела, 24 ноември 2024

Презентација на истражување за медиумската писменост кај учениците во прва и втора година

Презентација на истражување за медиумската писменост кај учениците во прва и втора година

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи вториот јавен состанок на кој ќе го презентира истражувањето за медиумската писменост кај учениците во прва и втора година средно образование.

Воведни обраќања ќе имаат директорот на АВМУ Зоран Трајчевски и Дејан Докузовски од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а истражувањето ќе го презентира Софија Ристова од Агенцијата Рејтинг.

На состанокот, како што е најавено, директорот Трајчевски ќе зборува за спроведените активности согласно годишната програма за работа на АВМУ. дма/бак/

Фото:МИА архива 

 

 

Остани поврзан