• четврток, 04 декември 2025

Измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка, усвоени од матичната собраниска комисија

Измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка, усвоени од матичната собраниска комисија

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) -  Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска го прифати Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, што се носат по скратена постапка, во второ читање, и го проследи во натамошна собраниска процедура. 

За предлог законот не беа доставени амандмани. Со него се прецизираат одредбите и се врши усогласување со одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

- Заради поефикасно функционирање на органите на државната управа и прилагодување на современите потреби во некои области, меѓу кои во економијата и
пазарот на труд, се пристапи кон измена и дополнување на Законот за организација и
работа на органите на државната управа, со кој Министерството за економија се
преименуваше во Министерство за економија и труд. Заради конзистентност на правниот систем и доследна примена на законските одредби во однос на надлежностите на ова министерство утврдени во член 11 со кој се менува членот 20 од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, потребно е усогласување на овие одредби со одредбите на постојните закони со кои се уредува оваа област, се вели во образложението, се вели во образложението на предлог законот. лв/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан