• понеделник, 23 декември 2024

Предлог-законот за рамномерен регионален развој на владина седница

Предлог-законот за рамномерен регионален развој на владина седница
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) - На предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата на денешната 28-ма седница ќе ги разгледа Предлог-законот за рамномерен регионален развој и Предлог-стратегијата за регионален развој 2020 – 2030 година. Во рамки на денешната седница, како што соопшти владината прес-служба, ќе се разгледуваат повеќе прашања од интерес на граѓаните и од владината програма, министрите ќе ја разгледаат и Предлог-одлуката за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, на предлог на Министерството за надворешни работи. За заклучоците и одлуките од владината седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение. дма/скс/

Остани поврзан