Предизвикале пожар во Рибарци откако биле запалени корења од домати
- Активен е пожарот во росоманското село Рибарци, кој е под контрола. Пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но излегува од контрола, појаснија од противпожарната служба.

Кавадарци, 6 август 2023 (МИА) - Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако биле запалени корења од домати, оваа информација попладнево ја потврдија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, напоменувајќи дека пожарникарите интервенирале на терен и пожарот бил ставен под контрола. Случајот бил пријавен во МВР.
- Активен е пожарот во росоманското село Рибарци, кој е под контрола. Пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но излегува од контрола, појаснија од противпожарната служба.
Оттаму апелираа во изјава за МИА, на совесност и внимателност кај населението од Тиквешијата, особено при високи летни температури. свд/бд/
Фото: Територијална противпожарна единица Кавадарци