• вторник, 16 јули 2024

Прегазен пешак во Тетово

Прегазен пешак во Тетово
Скопје, 24 октомври 2021 (МИА) - Пешак од село Мала Речица се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од од моторно возило на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. - Вчера околу 16:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „фиат браво“, со непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот А.А.(57) од с.Мала Речица, тетовско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клинички центар Тетово, посочуваат од МВР во редовниот дневен Билтен. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.фф/лв/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан