• понеделник, 23 декември 2024

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти и побезбеден сообраќај

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти и побезбеден сообраќај

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Велес и Битола реализираа низа превентивни активности од различни области, важни за безбедноста и сигурноста на граѓаните, пред се од областа на безбедноста во сообраќајот и заштитата од имотни деликти.

Така, во рамки на СВР Битола, во повеќе основни училишта во Битола, Прилеп, Македонски Брод, Ресен, Демир Хисар и Крушево за првооделенците беа организирани предавања од страна на полициски службеници околу нивната безбедност во сообраќајот како пешаци под мотото „Безбедно од дома до училиште и назад“. И во текот на наредните денови ваквите активности ќе продолжат низ училиштата на подрачјето на СВР Битола, но и во другите сектори за внатрешни работи. Напоредно со ова, полициски службеници од ОВР Ресен и ОВР Крушево спроведоа активности за превенција од злоупотребата на огнено оружје при веселби и прослави, потоа за превенција од имотни деликти, првенствено измами, кражби и разбојништва, а беа реализирани и активности под мотото „Стави појас“ во интерес на безбедноста во сообраќајот.

На подрачјето пак на Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес, а по повод интензивните сезонски земјоделски работи, организираше превентивни активности со возачи на земјоделски машини и механизација. Дополнително, во Велес се одржаа информативни средби со превозниците што годинава ја имаат обврската за превоз на ученици до училиштата и назад на подрачјето под надлежност на СВР Велес, а насочени кон безбеден и навремен транспорт на децата. ев/

Остани поврзан