Прв уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид
- На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид од денеска до среда трае првиот уписен рок за идните студенти.
Охрид, 2 септември 2024 (МИА) – На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид од денеска до среда трае првиот уписен рок за идните студенти.
На високообразовната установа има места за 364 бруцоши, од нив 200 се за во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти. По 80 бруцоши ќе може да се запишат на факултетите за компјутерски науки и инженерство, за комуникациски мрежи и безбедност, за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника и за информатички и комуникациски науки. На факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика има 44 слободни места.
Заинтересираните кандидати своите документи можат да ги поднесуваат во периодот од 8 до 16 часот во просториите на Универзитетот. Повеќе информации за потребните документи може да се најдат во Конкурсот за запишување на студии од прв циклус објавен на официјалната веб-страница, како и на социјалните медиуми на Универзитетот, информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид.
Вториот уписен рок на Универзитетот е закажан за 16 и 17 септември, додека третиот на 27 септември. аб/аа/
фото/МИА