• понеделник, 23 декември 2024

Прв случај во Грција на хоспитализација на заразен со делта сојот

Прв случај во Грција на хоспитализација на заразен со делта сојот
Атина, 10 јули 2021 (МИА) – Монах од Света Гора е првиот случај во Грција на хоспитализација на Интензивна нега на лице заразено со делта сојот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, 49-годишниот монах не бил вакциниран, а веќе е приклучен на апарати и е во сериозна состојба. Досега, во Грција е регистриран вкупно 121 случај на делта сојот. ср/јт/ 

Остани поврзан