• петок, 05 декември 2025

Прв приемен ден кај градоначалникот Грозданов за граѓаните на Кочани

Прв приемен ден кај градоначалникот Грозданов за граѓаните на Кочани

Кочани, 25 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја започна консултацијата со граѓаните преку термините за директни средби во општинската зграда. Во присуство на раководители и службеници од неколку одделенија и сектори, граѓаните денеска можеа да информираат за проблеми и потреби со кои се соочуваат од различни сфери на локалното живеење.  

– Задача во мојот мандат е на нов, динамичен и организиран начин да обезбедиме поефикасни и побрзи општински услуги и подобро справување со тековните предизвици. Потребите на граѓаните од јавен интерес и со локално значење ни се приоритет, се наведува во соопштението од Општината, цитирајќи го градоначалникот Грозданов.

На првата консултативна средба Грозданов прими четириесетина граѓани, а во однос на претходната пракса, градоначалникот го зголеми за еден час времето на прием, односно од 10 до 13 часот, секој вторник.

Во делот на комуникацијата со граѓаните, огласната табла во дворот на Општина Кочани е заменета со електронски соопштенија од монитор поставен на влезот во зградата, пред пријавница.  

За текот на реализацијата на барањата на граѓаните примени на средба со градоначалникот ќе се известува и на редовните неделни колегиуми на градоначалникот со раководителите на секторите. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан