• сабота, 18 мај 2024

Прв „Ноемвриски коњички турнир“ в сабота на Хиподромот во Скопје

Прв „Ноемвриски коњички турнир“ в сабота на Хиподромот во Скопје
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) – Претстојниот викенд, Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија и клубот за коњички спорт Илинден од Скопје на терените на клубот на Хиподромот во Маџари, ќе го организираат првиот „Ноемвриски коњички турнир“ и 4. коло - финале од отвореното Лига првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. Натпреварите ќе почнат в сабота (13 ноември) со почеток во 11 часот. На програмата се два натпревари во прескокнување на пречки со височина на пречките од 1,00 м. до 1,20/1,30 м. со Џокер. зс/

Остани поврзан