• недела, 22 декември 2024

Прв академски ден за 140 бруцоши на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Прв академски ден за 140 бруцоши на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Охрид, 2 октомври 2023 (МИА) – Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид денеска ги отвори вратите за новите 140 бруцоши што го почнуваат своето високо образование во учебната 2023/34 година.

Нив ги поздрави проректорката, проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска, која им посака многу успех, да бидат чесни, посветени, морални, да го чуваат интегритетот на Универзитетот, на Охрид, на државата.

-  Годинава имавме рекорден број запишани студенти од самото постоење на Универзитетот. Интересот е голем, младите знаат да го препознаат квалитетот на информатичко-комуникациските технологии, програмирањето и секако применети во повеќе области од самото живеење, рече таа посочувајќи дека најголем интерес кај студентите имало за студиите од областа на компјутерски науки и инженерство.

Атрактивност кај младите академци се и факултетите за комуникациски мрежи и безбедност, за примена на информатичко–комуникациските технологии во бизнис и менаџмент со нова студиска програма-дигитална бизнис аналитика, потоа за факултетот за вештачка интелегенција и роботика заедно со нова обновена студиска програма и програма на е-влада, како и за факултетот за визуелизација и мултимедија.

Според она што го изјави таа, Универзитетот постојано и интензивно остварува соработка со ИТ индустријата и компании од останати интересни сфери.

-  Развиваме претприменнички дух кај студентите, развиваме дух на создавање бизнис модели и формирање свој понатамошен бизнис, бидејќи ИТ индустријата тоа го нуди. Самите информатичко-комуникациски технологии се сервис или услуга применети во повеќе области и нудат можност за почнување на сопствен бизнис од нашите студенти тука, но и низ светот, рече таа.

Што се однесува на самата студиска програма, Шикоска истакна дека се нуди современа настава предводена од квалитетен наставно-научен кадар.

- Трендовите на информатичко-комуникациските технологии се менуваат на дневна основа и ние мора да ги пратиме, унапредуваме, се изучуваат најмодерни алатки. Имаме и дополнителна опрема и лаборатории. Во тек е набавка и на нова лабораторија која ќе ги осовремени знаењата од областите на мрежи и сајбер безбедноста, истакнува Речкоска-Шикоска.

На УИНТ „Свети Апостол Павле“ дипломцита стакнуваат звање дипломиран инженер, што значи дека студентите добиваат знаење и за инженер и за програмер. Постои интерес за изучување на студиските програми на англиски јазик, но од годинава има и паралелки на македонски јазик. аб/лв/

 

Остани поврзан