• понеделник, 23 декември 2024

Прво прикажување на „Медена земја“ во Љубљана

Прво прикажување на „Медена земја“ во Љубљана
Љубљана, 26 јануари 2020 (МИА) - Во присуство на дел од политичкиот врв и амбасадори, во словенечката кинотеката во Љубљана се одржа проекција на „Медена земја”. Македонскиот документарен филм, кој има двојна номинација за „Оскар”, ја наполни салата во кинотеката и побуди голем интерес кај публиката која имаше можност за прв пат да го види документарецот, јави дописникот на МИА од Љубљана. На проекцијата, која беше дел од фестивалот „балКам”, присуствуваа претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан, генералната секретарка на Собранието Уршула Зоре Тавчар, француската амбасадорка Флоренс Ферари, заминик амбасадорката на САД Сузан Фалатко, грчкиот и црногорскиот амбасадор и многу други гости. Веста дека документарен филм од земјава, за прв пат во историјата на Оскарите има двојна номинација, не остана незабележано во словенечките медиуми кои пишуваа за големиот успех. ав/фф/

Остани поврзан