Припадник на САЕ „Тигар“ освои прво место на меѓународен полициски натпревар во велеслалом
- Остварениот резултат претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план, истакнаа од МВР.
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска, на 25 февруари, информираа денеска од МВР.
- На натпреварот учествуваа полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Хрватска и ФРОНТЕКС, што придонесе за исклучително силна конкуренција и висок натпреварувачки квалитет. Остварениот резултат претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план - истакнаа од МВР.

Од таму упатија честитки до припадникот на САЕ „Тигар“ за постигнатиот успех изразувајќи уверување дека и во иднина ќе продолжи со вакви врвни резултати и ќе биде пример за професионалност и спортски дух. бд/са/
Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи