• четврток, 04 декември 2025

Прволигашки фудбал во Кавадарци

Прволигашки фудбал во Кавадарци

Кавадарци, 10.август 2025 (МИА) - Со натпреварот што се игра попладнево во Кавадарци продолжуваат дуелите од првото коло од Првата фудбалска лига. Екипата на Тиквеш го пречекува Работнички, а почетокот на натпреварот е во 17:30 часот. 

На претходно одиграните натпревари од првото коло беа постигнати следниве резултати:

Шкендија - Шкупи  5:1

Вардар - Пелистер 4:1

Струга ТЛ - Македонија ЃП 2:0

Башкими - Арсими 1:1     

Дуелот во Кавадарци е претпоследен натпревар од првата рунда, додека последниот се игра утре (понеделник) во Кратово каде Силекс е домаќин на АП Брера.   мн/

Фото: МИА

Остани поврзан