• среда, 03 јули 2024

Први фотографии на Ким Џонг-ун по 11 април (фото)

Први фотографии на Ким Џонг-ун по 11 април (фото)
Пјонгјанг, 2 мај 2020 (МИА) - Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави фотографии на лидерот Ким Џонг-ун од вчерашното отворање на една фабрика за ѓубриво во близина на Пјонгјанг. Тоа е прво појавување на Ким во јавност во последните 20 дена, откако претходно беше виден последен пат на 11 април. Агенцијата наведе дека Ким ја пресекол црвената лента на церемонијата на отворање хемиска фабрика, а присутните „громогласно извикувале „ура“ и на тој начин го поздравиле врховниот лидер“.   Тој изразил задоволство поради производниот систем на фабриката, нагласувајќи дека објектот претставува значаен придонес во напредокот на хемиската индустрија и производството на храна во земјата, наведува државниот медиум. Ким бил придружуван од неколку високи севернокорејски претставници, како и од неговата помлада сестра Ким Јо Џонг. Бидејќи не присуствуваше на церемонијата на одбележувањето на роденденот на својот дедо Ким Ил-сунг, основачот на Северна Кореја, светските медиуми шпекулираа дека здравствената состојба на Ким Џонг-ун по операцијата на срце е влошена, а се појавија и информации дека наводно починал. гт/

Остани поврзан