• недела, 22 декември 2024

Први бодови за македонската репрезентација во квалификациите за СП 2022

Први бодови за македонската репрезентација во квалификациите за СП 2022
Скопје, 28 март 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје забележа убедлива победа над Лихтенштајн со 5:0. За избраниците на селекторот Игор Ангеловски ова е прва победа и први три бода во квалификациите за Светското првенство следната година во Катар. Стрелци на головите беа Енис Барди, Александар Трајковски (два), Елиф Елмас и Илија Несторовски од пенал. На другите два натпревара од 2. коло во Ј-групата, Ерменија го совлада Исланд со 2:0, додека Германија на гостувањето кај Романија забележа минимална победа со 1:0. По ова коло, македонскиот национален тим има три бода и се наоѓа на третата позиција на табелата, зад Германија и Ерменија кои имаат максимални шест бода. Следниот меч „црвено-жолтите“ ќе го играат на 31 март, на гостински терен против германскиот национален тим. зс/

Остани поврзан