Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
- Во објавата на социјалната мрежа Х во која го најави патувањето, Кошта напиша дека посетата „ќе ја потврди поддршката за херојскиот украински народ и за демократски избраниот претседател (Володимир Зеленски)“.

Брисел, 20 февруари 2025 (МИА) - Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта в понеделник ќе го посетат Киев по повод третата годишнина од целосната руска инвазија на Украина, јави ДПА.
Во објавата на социјалната мрежа Х во која го најави патувањето, Кошта напиша дека посетата „ќе ја потврди поддршката за херојскиот украински народ и за демократски избраниот претседател (Володимир Зеленски)“.
Со напомена дека Зеленски е избран на демократски начин, Кошта му испраќа јасна порака на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера го нарече Зеленски „диктатор“ и рече дека нема демократски легитимитет, забележува ДПА.
Европската комисија претходно неделава објави дека Фон дер Лајен и европските комесари имаат намера да ја посетат Украина за годишнината, но во тоа време не беа објавени дополнителни детали.сд/
фото:МИА архива