• недела, 22 декември 2024

Првиот човек на НБА лигата: Се уште не сме подготвени за Европа

Првиот човек на НБА лигата: Се уште не сме подготвени за Европа

Лас Вегас, 11 септември 2024 (МИА) - Адам Силвер, првиот човек на НБА потврди за доаѓањето на најсилното натпреварување во европската кошарка, но не во блиска иднина. Во Америка се „отворени“ за проширување, челниците на НБА лигата планираат влез во европската кошарка, но како тоа треба да го направат се уште не се знае, бидејќи нема конкретен план.

Челниците на ФИБА и НБА неодамна одржаа состанок во врска со развојот на кошарката на глобално ниво и Адам Силвер тврди дека оваа тема не била главна тема на тој разговор и дека малку се зборувало за тоа. Тој истакна дека лигата планира повторно да го разгледа ова прашање во текот на сезоната, иако не се очекува итна акција.

-Во моментов нема конкретен план за Европа, освен што се договоривме детално да ја разгледаме можноста. Она што го гледаме кога станува збор за нивото на интерес за кошарка е непропорционално со комерцијалната активност, рече Силвер. 

Фокусот на НБА сè уште е на испитување на различни начини за промовирање на кошарката низ светот, но моментално проширувањето на нови пазари не е на агендата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан