Првиот човек на италијанскиот тенис го критикува монополот на Грен слем турнирите
- Претседателот на Италијанската тениска федерација (ФИТП) Анџело Бинаги денеска го критикуваше „монополот“ на Грен слем турнирите, најавувајќи дека ќе се бори мастерсит,е вклучувајќи го и турнирот во Рим, да добијат поголемо значење.

Рим, 18 мај 2025 (МИА) – Претседателот на Италијанската тениска федерација (ФИТП) Анџело Бинаги денеска го критикуваше „монополот“ на Грен слем турнирите, најавувајќи дека ќе се бори мастерсит,е вклучувајќи го и турнирот во Рим, да добијат поголемо значење.
„Се наоѓаме во абнормална ситуација. Во кој друг општествен домен постои монопол што трае повеќе од 100 години, како што е случајот со Грен слем турнирите“, рече Бинаги на прес-конференција пред машкото финале на Мастерсот во Рим.
Бинаги се осврна на бројот на Грен слем турнирите, како и на системот на бодување на најголемите турнири.
„Зошто мора да има само четири и зошто секогаш се исти? Зошто поените доделени на Грен слем турнирите се двојно повредни од оние на серијата Мастерс 1000. Мислам дека ова апсолутно не е фер, бидејќи одржува монопол и не помага во развојот на тенисот“, рече Бинаги, кој е на чело на италијанскиот тенис од 2001 година. ег
ФОТО: Фејсбук