• петок, 05 декември 2025

Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик

Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик

Лисабон, 4 август 2025 (МИА) - Играчите на тимот Гондомар, каде што португалскиот напаѓач Диого Жота ја започна својата кариера, во сезоната 2025/26 ќе играат во дрес со неговиот лик.

Покрај Жота, на дресовите е прикажан и неговиот брат Андре.

Жота играше за Гондомар од 2005 до 2013 година.

На 3 јули, 28-годишниот Жота и неговиот 25-годишен брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан